Кој е лекарот што ја расипа „калимерата“ меѓу Заев и Села

Вулнет Ферати, поранешен претседател на Управниот одбор на Фондот за здравство и актуелен професор на тетовскиот универзитет, бил првиот кандидат за заменик на Арбен Таравари како министер за здравство, кој го одбил премиерот Зоран Заев.



Според претседателот на Владата, Ферати ги немал потребните капацитети за спроведување на неопходните реформи во важниот ресор здравство.

Според партиски извори, како алтернатива на Ферати бил понуден и актуелниот директор на очната клиника Беким Татеши, кој исто така не добил преодна оценка од премиерот како кадар што може да повлече напред во здравствените реформи.

Откако Села не успеал да понуди соодветен кандидат за министер за здравство, како кадар на СДСМ е избран Венко Филипче, кој бил советник на ексминистерот за здравство Никола Тодоров, кого социјалдемократите го нарекуваа „министер за смрт“.

Покрај личните (не)квалитети на кандидатите на Села, како проблем за односите Села – Заев е и одлуката ексминистерот Таравари по само два месеци да влезе во трка за градоначалник на Гостивар, каде сега е прв човек на градот.