Кој го фалсификувал печатот на СЈО и потписот на Катица Јанева?

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска не даде прецизен одговор во врска со документите објавени од медиуми блиски на ВМРО – ДПМНЕ според кои СЈО водела истрага за личниот имот на неколку високи функционери а сега и министри од ДУИ.



Запрашана за овој случај Јанева рече дека некој можел да го злоупотреби нејзиниот потпис или печатот на СЈО и одби прецизно да се изјасни дали се работи за фалсификувани документи и дали за фалсификат ќе бара соодветна истрага.

Во документите објавени на социјалните мрежи, според содржината заверена со потпис од Јанева и печат на СЈО се бараа информации за имотна состојба на Артан Груби и Бујар Османи и членови на нивни семејства.