Коѕијас: Мицотакис не може да предложи решение за името

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас вечерва на „Твитер“ му одговори на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кој на премиерот Алексис Ципрас и на неговиот коалициски партнер Панос Каменос им порача да си дадат оставка штом немаат заеднички став за надминување на проблемот со името на Македонија.



„Нова демократија бара јавно да ја објавиме нашата преговарачка стратегија за името/ПЈРМ. Проблем што остана нерешен бидејќи Мицотакис продолжи да се бори со внатрешните опоненти без да се предаде. Конфликтите продолжуваат. И затоа не може да предложи решение“, твитна Коѕијас.

„Прашањето за името на ПЈРМ е од национално значење и ако Алексис Ципрас и Панос Каменос не можат да се согласат, тие мора да поднесат оставка“, изјави лидерот на најголемата опозициска партија во Грција. „Нема национален консензус без конкретен и усогласен предлог од страна на двата владини партнера“.