„Оваа година ќе биде година кога ќе ги решиме горливите надворешно-политички прашања, националниот интерес бара решенија. Разговаравме за Балканот, за прашања поврзани со Албанија и Скопје“, изјави денес шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.
За проблемот околу таканареченото „скопско прашање“ изјави дадоа Панос Каменос и грчкиот МНР Никос Коѕиас, веднаш по средбата на неколку министри од грчката влада со премиерот Алексис Ципрас на кои требаше да се расправа за позициите на Грција во пресрет, на како што се најавува, финалното решение на спорот со иместо со северниот сосед..
Што се однесува до Скопје, владата преговара за сложено име за еднократна употреба, рече Коѕиас.
Ние сме за помирување на политичките партии и со секоја личност која сака решение за проблемот.
„Јас сум секогаш оптимист за решение“ изјави министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас.
Спорот со името во Грција се претвори во внатрешен проблем, откако лидерот на Независни Грци (АНЕЛ) остро се спротивставуваше на било кој предлог за име на северниот сосед кој би го содржал зборот Македонија.






