Прашањето за името дефинитивно нема да биде дел од агендата на средбата меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас неговиот македонски колега Никола Димитров, пишува дел од грчкиот печат.
Добро информирани грчки медиуми во своите анализи пишуваат и за дилемата на Коѕиас како да ја избегне античка Македонија за време на посетата која в четврток треба да се одржи во Скопје.
Доколку пристигне со авион во Скопје ќе слета на аеродромот Александар Велики ако ако дојде во автомобил од Солун што е пореалната варијатна неговата делегација ќе вози по автопатот Александар Македонски.
Дел од аналитичарите се надеваат дека има начин Коѕиас да дојде на достоинствен начин во Скопје иако тој и предходно доаѓал во Македонија на еден од овие два начини кои за Грција се крајно провокативни.
И дел од медиумите и дел од грчките власти се надеваат дека новата влада во Скопје до четврток можат да го променат името на аеродромот Александара Велики и со тоа да докажат дека навистина водат конструктивна политика кон Грција.

Иако за новата влада во Македонија од технички аспект полесно е да го смени името на автопатот кој води до Скопје сепак тоа е малку можно, коментираат грчките аналитичари.
Она што со сигурност се очекува во Атина е за време на посетата, македонската влада јасно да се огради од „Антиквизацијата“ односно од тезата за Македонците како наследници на Александар Велики. Со тоа според дел од коментаторите ќе се олесни работата на Коѕиас и владата на Ципрас која што под притисок од западот во Скопје доаѓа во „мисија на помирување“.
На Грција и е јасно дека сега нема доволно време за уништување на спомениците или преименување на локациите именувани според античките херои Александар и Филип но се надева дека по изборите тоа ќе се случи а за вакви чекори дури можат да бидат понудени и грчки пари, особено откако министерот Димитров во една своја изјава рече дека се работи за скапа операција која покрај политички има и финансиски пречки.
Грчките коментатори дури најавуваат дека парите можат да бидат добиени од европски фондови.
Атина од Скопје очекува и јасно дистанцирање од сите „грчки антички“ симболи“. Од Димитров кој се огради од македонскиот конзул во Канада се очекува да се огради и од било каква употреба на „Ѕвездата од Кутлеш“ која Грција ја смета за ексклузивно своја.
Во анализите се става до знаење дека минималната предност на новата влада во Собранието пред локалните избори не дава широк простор за маневар на Заев и Димитров кои со прифаќање на грчките барања би можеле да ја загубат власта затоа што во Грција преовладува ставот дека ВМРО – ДПМНЕ и Груевски имаат доволна поддршка за враќање на власт доколку дојде до нова криза во земјата.
Во врска со Албанците грчките аналитичари сметаат дека тие не се заинтересирани за „номенклатурата“ на спорот за името и дека ќе се однесуваат како што ќе им биде наложено од САД а под истите сугестииСДСМ ги прават новите отстапки во врска со јазикот.




