Нов пораз на МЗТ Скопје во средба дома со ФМП од 72-67 за деветти пораз во низа и единаесетти во вкупно 13. кола од Јадранската лига. Домаќинот добро го отвори мечот и водеше со 5 разлика во првата четвртина, со 10 во третата и со истите 10 предност (66-56) и во 36 минута кога сите помисливме дека црната серија од осум порази ќе биде прекината. Но тука одеднаш и ненајавено, неверојатен застој на македонскиот првак и противникот тргнува и прави серија од 13-0, до крајот и 16-1 што не деморализира, не разнесува особено што ова беше една од последните шанси за фаќање приклучок со оние поставени пред последниот МЗТ Скопје. Од мечот нема потреба од други детали, освен чудење како тоа одеднаш се останува без здив, како рацете се врзуваат и тоа на релативно чисти ситуации. Ова не е прв пат сините да губат по голема предност што наметнува нешто, чиниме логично. Ним во моментов не им треба тренер, туку психолог.