Во гостување во „DailyClick“ на ТВ21 за трагичната несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се истражува дали возачот, Васил Јованов, ја извршил несреќата со умисла или од небрежност.
„Јавниот обвинител ќе испита дали постои можност за умислено дејство, особено ако се утврди дека возачот бил под влијание на алкохол, нема валидна возачка дозвола, возел многу повеќе од дозволената брзина и прекршил правилата со поминување на црвено светло. Сите овие фактори ќе бидат внимателно разгледани во текот на постапката“ – посочи Коцевски.
„… Со измените на Кривичниот законик се воведе и ново кривично дело, безобзирно возење, меѓутоа не се избриша одредбата од прекршочната постапка, каде што исто така дел од дејствијата што се во тоа кривично дело опфатени се и во законот за прекршоци.
Во случај на пречекорување на брзината на возење, полицијата откако ќе утврди може да поднесе Прекршочна постапка и таа постапка оди директно во Судот, што значи дека елементите на кривичното дело се опфатени и во ова, и тука треба праксата да се воедничи“, додава Коцевски.
Напомена дека „во повеќето случаи, кривичните дела во сообраќајот се резултат на небрежност, што го поттикнува потребниот акцент на строгост и контрола во оваа област“.




