Целата работа од почеток е поставена на криви темели, ако се работи за политички процеси треба да се решаваат со политичка содржина, тактика и стратегија, вели во интервју за фактор.мк професорката Наташа Котлар прв човек на Здружението на историчари на Македонија.
“Ако се работи за научни моменти тогаш ние како научници и институции меѓу кои Институт за историја, Институт за фолклор, МАНУ, Институтот за македонски јазик и Институтот за македонска литература сите од стратешки интерес на Република Македонија по својот статут, треба да дискутираат со своите колеги еквиваленти од Бугарија, но бидејќи се почна од кровот, а не од дното мислам дека овој договор нема да однесе таму кај што треба за да развиваме добро-соседски релации”,вели Котлар според која ќе следи реакција на договорот.
Таа живо се подготвува да полемизира со своите колеги со факти и аргументи.
“Во Бугарија кај историчарите ништо не е променото од времето на Тодор Живков и не очекувам нитy сега нешто да се промени”, смета професорката според која “Науката е едно а политиката е сосема нешто друго. Политиката е толку самобендисана и сака секогаш да го има последниот збор. Науката е таа која ги поправа сите насилници на времето кои мислат дека ја пишуваат историјата”.
Целото интервју на фактор.мк





