Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во интервју за Прва Скопска ТВ, одговори на прашањата, кои ги интересираат скопјани, но и пред се, граѓаните на општина Бутел.
Освен што кажа што реализирал, а што не, од својата програма, градоначалникот посочи и како го гледа Скопје во иднина.
-Градот Скопје, во наредните 10 години ќе има сериозна експанзија во смисла на модернизирање, бидејќи сум убеден, без разлика кој ќе стане градоначалник на Град Скопје, ќе има жестока поддршка од оваа Влада, која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и следуваат 10-те најубави години за градот Скопје, рече Костовски.
Целото интервју со градоначалникот на општина Бутел, може да го проследите во продолжение или на Јутјуб каналот Прва Скопска ТВ.







