По вчерашниот состанок на градоначалниците на скопските општини, се огласи и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
„Данела е темна историја, општините ќе превземат одговорност! Јавните претпријатија на Град Скопје се целосно нефункционални, Скопје тоне во депонии и ѓубре насекаде! Денеска на состанок каде што беа присутни сите градоначалници од градот Скопје, едногласно донесовме заклучок дека под итно треба да испратиме барање до Владата со кое од градот Скопје ќе бидат одземени ингеренциите за управување со ЈП Комунална хигиена и ЈП Паркови и зеленило“, напиша тој на Фејсбук.

„Споменатите Јавни претпријатија ќе бидат дел од општините, со тоа гарантираме сериозно поголема ефикаснот во извршување на задачите кои припаѓаат на овие претпријатија. Историски промени за поубави општини“, напиша тој на Фејсбук.





