Костадинов: Бугарија нема место во ЕУ, нема место ниту во еврозоната

 

Бугарија во сегашната форма нема место во ЕУ. Нашето членство во еврозоната ќе ја уништи нашата економија. Ова го истакна на брифинг лидерот на партијата Преродба (Вазраждане) Костадин Костадинов, по вчерашните насилни протести против воведување на евроото пред Канцеларијата на ЕУ во Софија



Костадинов истакна дека на протестот за зачувување на бугарското лев што се одржа на 22 февруари присуствувале 10.000 луѓе, пренесува Њуз.бг

Тој истакна дека причината за зачувување на левот е кауза за бугарскиот народ. Според него, останатите политички сили застанале против народот.

Костадинов нагласи дека ги започнува подготовките за протести низ државата. Тој повика на граѓанска непослушност.

Според него, Вазраждане ќе ја блокира работата на Народното собрание во среда на 26 февруари.

Фон дер Лајен: Срамни сцени во Софија