Комисијата за политички прашања ина Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) препорача Косово да биде покането да стане 47-та членка на Советот на Европа.
На овој начин најстарата политичка организација во Европа ќе го врати бројот на своето членство, кое се намали на 46 земји по исклучувањето на Русија во 2022 година поради нејзината агресија во Украина.
На состанокот во Париз, комисијата го усвои извештајот на Дора Бакојани, во кој е наведена листа на обврски преземени во писмена форма од страна на косовските власти и истакна дека „членството ќе доведе до зајакнување на стандардите за човекови права преку обезбедување пристап до Европскиот суд за човекови права…“.
Против биле 2 гласа од претставниците на Србија и по еден од Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека грчкиот претставник Алексис Ципрас бил воздржан.
Вчерашната дискусија во Стразбур не значи истовремено прием на Косово во Советот на Европа.
Дора Бакојани е поранешен министер за надворешни работи на Грција, која не го признава Косово како независна држава.
Овој став го поддржуваат уште четири земји во Советот на Европа – Србија, Кипар, Романија и Шпанија.
Не е јасно дали некои од нив би ја смениле својата позиција на пленарното гласање на ПССЕ, што треба да се одржи на пролетната сесија следниот месец.





