Најдобрите македонски кошаркари се непосредно пред почетокот на претквалификациите за Светското првенство за кои долго, 40 дена подготвуваме тим со многу промени и со променливи резултати во пријателските средби. Денеска од 20. 15 во Приштина играме со Косово и важиме за фаворит против дебитантот во европските репрезентативни натпреварувања иако не сме најсигурни дека се вечерва ќе мине така лесно. Ова е пред се поради нашите откази, повреди, хендикепи кои и не симнаа на ова почетно ниво. Обидот да се вратиме барем во таа средна класа на континентот во многу зависи од денешниот дуел, а секако и од преостанатите три од оваа квалификациска фаза.



„Ако ја повториме одбрана од пријателските натпревари можеме да очекуваме добар резултат, но да видиме колку судиите ќе ни дозволат да ја одиграме таа одбрана. Најважно е да останаме фокусурани и мирни. Дуелот против Косово не е најважен натпревар. Сите натпревари се важни, а најважен е оној меч на 16. август во Естонија кога ќе знаеме дали сме сигурни за квалификациите“ рече селекторот Јорданчо Давитков во анализата на тоа што не очекува и во Приштина, но и во целите квалификации.

Уште еднаш натпреварот на Косово и Македонија од кошаркарските претквалификации за Светското првенство во 2019. година е вечерва во Приштина од 20 часот и 15 минути.