Хашим Тачи денес изјави дека Косово до крајот на годината ќе добие своја армија, пренесуваат белградски медиуми повикувајќи се на Радио Телевизија Косово.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека за формирањето на Армијата на Косово очекува силна поддршка и соработка на САД и НАТО, и по промените на Уставот на Косово, како неопходен предуслов.
Армијата ќе биде воспоставена оваа година во соработка со НАТО и САД, а канцеларијата на претседателот (на Косово) ќе го води овој процес, во соработка со новиот министер.
Ќе изградиме модерна, мултинационална, професионална и сигурна армиска структура како перспектива за членство во НАТО, изјави Тачи во интервју за Радио телевизија Косово.





