По признанието на претседателот на државата дека со контроверзниот пропагандист Асаф Еисен се сретнал на настан на СДСМ чиј консултант бил тој, изби конфликт во Бихаќка од каде лидерот на партијата Ковачевски го демантира Пендаровски за аферата ,,Израелски ПР гуру”.
Ковачевски меѓу редови укажува дека Пендаровски лаже кога тврди дека Асаф е ангажиран од СДСМ.
Прашан дали израелскиот експерт Асаф Еисин е консултант на СДСМ, дали тој ќе ја води кампањата, колку чинат неговите услуги и од кои пари ќе бидат платени, Ковачевски одговори дека нема таков консултант.
„Немам таков консултант, јас имам консултант кој се вика Александар. Мојата кампања, како и до сега, ја извршува шефот за комуникации на СДСМ, Александар, веројатно сите го знаете. Видеата на социјалните медиуми ги работат наши сограѓанки. Ниту Александар е Израелец, ниту овие девојки се Израелки. Мојата кампања и на претседателскиот кандидат Пендаровски ја работат баш тие луѓе. Не знам што точно одговориле од Кабинетот на Пендаровски, но ви кажувам кој ги работи моите кампањи и кој комуницира со сите вас. Не знам што точно сте го прашале и што точно одговорил“, потенцира Ковачевски.
Под притисок од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски претседателот на државата призна дека се среќавал со контроверзниот пропагандист кој работел за многу политичари во регионот.
Откако Пендаровски го ,,пушти низ вода” СДСМ отвори нови дилеми за аферата ,,Израелски ПР гуру”






