Конечно две победи во ист ден и рунда на македонските претставници во СЕХА лигата. Тоа се случува по цели два и пол месеца во регионалното ракометно натпреварување и се должи на константноста во квалитетните презенатции на Вардар кој вчера порано славеше кај Нексе со 30-21, но и на Металург кој подоцна беше подобар од Татран со 31-30.
Позициите на нашите тимови на табелата се далеку зошто Вардар е прв со сите 24 бода, а Металург е седми со 9, но важно е што сега има приклучок и за шестата, па и за позициите погоре.




