Министерот за здравство Арбен Таравари се огласи во врска со прашањето кому му припаѓаат печатите на Алијансата за Албанците.



Во објава на Фејсбук тој пишува дека „Ако некој мисли дека партијата е приватна или наследна сопственост, греши“.

Веднаш следуваше реакција од неговата поранешна сопартијка, сега зпратеничка од Европскиот фронт, Илире Даути:

„Ако некој мисли дека партијата служи за создавање приватен имот (куќи, вили и слично) и нејзино преобразување од партија на Албанците во партија на Мицкоски, греши двојно“ напиша Даути на Фејсбук како што пренесува порталот Телеграфи