Комплексот „Македонско село” во кој беа вложени 6,5 милиони за изградба ќе биде понуден на оглас за јавно приватно партнерство. Службата за општи и заеднички работи која стопанисува со него планира целата постапка да заврши до Нова година, а македонско село да биде отворено до мај следната година, пренесува ТВ Сител
Комплексот Македонија во мало е под надзор на приватно обезбедување, но и покрај тоа може да се забележи дека претрпел штети од временски неприлики. Новиот менаџер ќе треба да се погрижи да ги врати во првобитна состојба куќите.
Оној партнер што ќе сака да го закупи овој објект, сакаме да му оставиме еден грејс период да може да го реставрира, да го реновира, бидејќи реално е доста оштетен од периодот во кој стоел неотворен во нефункционална ситуација, рече Томовски за „Сител“.
Три ресторани, во секоја од 12-те објекти има дуќани и работилници типични за периодот кој го отсликуваат како градба.
Извор: https://sitel.com.mk/kompleks-makedonsko-selo-povtorno-kje-bide-ponuden-na-oglas






