Комисијата за заштита на лични податоци ќе го гони заменикот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од СДСМ кој предходно беше шеф на кабинет на Оливер Спасовски.
Извори во комисијата тврдат дека со објавување на документи на кои се гледаат лични податоци на граѓани Бојмацалиев го прекршил законот за лични податоци и за тоа мора да биде гонет согласно законот.
Бојмацалиев во обид да прикаже дека МВР работи успешно со издавање на лични документи објавил видео на кое се гледаат два пасоши на граѓани чии податоци може да ги види секој со што тој го прекршил законот, велат извори во Комисијата за заштита на лични податоци.
Луѓе од комисијата веќе неформално го анализирале видеото и заклучиле дека Бојмалацилев го прекршил законот.
Од таму велат дека Комисијата има законска обврска да ја штити тајноста на личните податоци на граѓаните и мора да покрене формална постапка за видеото на Бојмацалиев.
Дури и под политички притисок до изборите да не може да се гони Бојмацалиев тоа ќе мора да се случи еден ден затоа што непокренување на постапка против функционерот на СДСМ ќе значи одговорност за раководството на Агенцијата за заштита на лични податоци.
Покрај по службена должност од страна на агенцијата право на приватна тужба имаат и двете граѓанки чии ликови и лични податоци се злоупотребени во политичката кампања на Бојмацалиев.
Видеото кое е доказ за кршење на законот се уште е и јавено на страната на Бојмацалиев и не е избришано иако медиуми предупредија дека тој со него го крши законот.
Предходно и министерот за надворешни работи Османи имаше пристап до лични податоци спротивно на законот
Знае дека го крши законот и ги провоцира Македонците





