Медиумите на албански јазик пишуваат дека Џезаир Шакири, познат како командат Хоџа се вратил во својот дом во Скопје откако последните десетина години се криел по планини како „Качак“. Иако се бара за тешки кривични дела тој сеуште не е уапсен.
Тој преку социјалните мрежи вели дека бил принуден да бега поради потерница од дома затоа што бил неправедно гонет од предходниот режим а сега очекува од новатга власт и премиерот Заев да има еднаков третман како и сите други граѓани.
Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново, потоа беше лидер на партија која што беше во коалиција со ДУИ за на крајот да влезе во судир со раководството на ДУИ.
Шакири пред две години во косовската јавност објави информациите според кои припадник на службите за безбедност имал контакти со вооружената група која беше дел од нападот во кумановско Диво Насеље.
„Хоџа“ по инцидентот тврдеше дека лидерот на ДУИ Али Ахмети е еден од главните кривци за настаните во Куманово.
Според официјално непотврдени информации Шакири бил инволвиран во проектот за демаркација на македонско – косовската граница. Според шпекулациите во косовската јавност откако во неколку наврати демаркацијата пропадна тој издејствувал да нема проблеми со поставување на граничните камења а за возврат и покрај потерницата тој да не биде гонет од македонските власти. Иако во „егзил“ Шакири често пати во последнава деценија бил забележуван во скопските населби, Чаир, Топанско Поле и Бутел.
Според Википедиа Џезаир Шаќири кој е роден во 1965 година е македонски политичар и поранешен член на ОНА. Има средно образование. Добро зборува француски, англиски и германски јазик.
„Според некои извори, Шаќири се смета за исламско-фундаменталистички фанатик. Тој бил директен извршител на убиство на припадникот на МВР во трговскиот центар Чаирчанка во Скопје.Тој бил еден од првите команданти на ОНА, уште од времето кога бил убиен првиот припадник на македонската полиција, во 2000 година. Со започнувањето на конфликтот дејствувал во Куманово и Липково и во селото Арачиново.
На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна листа на граѓани, а на 27 јули е ставен ѝ на листата на американскиот претседател Џорџ Буш.
По крајот на конфликтот во Македонија, тој согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично. На 19 декември 2001 година, врз него бил извршен атентат кај Витина, Косово со испукување на најмалку 7 куршуми. По ова бил пренесен во болница во американскиот воен камп Бондстил, од страна на УНМИК. Се верува дека аентатот е поврзан со проневера на огромна количина пари од фондот „Татковината повикува“.
По војната, станал пратеник во македонското собрание. Во 2007 година објавил независност на селото во кое е роден, Танушевци, од Македонија, и негово припојување кон Косово“, пишува на Википедиа.





