Колку илјадници жители навлече желбата за брза заработка?!

Желбата за брза заработка ги навлече кавадарчани на апликации за брзи пари. Инаку, 8.000 кавадарчани биле во мрежата на „Конти“. 



Големата желба за заработка без труд и алчноста се само некои од причините што ги навлекоа кавадарчани на апликации за брзи пари. Ниту информациите дека пропадна една од ваквите апликации „Конти“, не ги одвраќа од намерата да заработуваат на ваков начин и одново  ризикуваат и инсталираат нови апликации на своите мобилни телефони.

И додека многумина се прашуваат дали во ваквите случаи станува збор за модерен начин на пирамидални измами, од Секторот за внатрешни работи – Велес потврдуваат дека нема пријавено измами преку интернет апликации за игри.

Во разговор со жители на Тиквешијата, вирусот со апликацијата „Конти“ толку многу ги зафатил поединци, што еден член од фамилија вклучувал други од поширокото семејство, правејќи им акаунти дури и на постарите роднини, па и на помладите. Се играло, како што велат тиквешани, модерен комар, фамилијарно дома, колегијално на работа, пријателски по угостителски објекти.

Полицијата алармира за нова голема измама, односно лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конт