Познатиот британски актер и оскаровец чиј заштитен знак се улогите на класичен, традиционален Англичанец доби италијанско државјанство, соопшти италијанското Министерството за надворешни работи.



„Колин Фирт кој доби „Оскар“ за улогата во филмот „Говорот на кралот“, кој е оженет за Италијанка никогаш не престана да ја изразува љубовта кон нашата државата“, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Фирт е во брак со филмската продуцентка Ливија Џулиоли од 1997. година и имаат две деца.

По изгласувањето на Брегзит, чија реализација треба да започне во 2019. година, некои земји од ЕУ, како Германија, Франција и Ирска, објавија дека голем број Британци имаат поднесено барање за добивање на нивно државјанство.

Засега не е познато дали актерот ќе го задржи двојното државјанство или ќе се откаже од британскиот пасош.