Кои се првите луѓе на браникот на Македонија и се подготвени да умрат за неа (ВИДЕО)

Кои се луѓето кои се 24 часа подготвени да застанат на браникот на Македонија и се подготвени да умрат за неа.



Ги има повеќе групи и во МВР и во АРМ и во други институции.

Доаѓаат од сите краишта на Македонија, потекнуваат од различни социјални, географски региони, етнички или верски заедници, со себе носат сопствени гледишта за животот но имаат една заедничка мисла а тоа е безбедна и стабилна Македонија.

Во институциите каде што се вработени ги нарекуваат Тигри ако се од МВР или Волци ако се од АРМ, но сите ги препознаваат како херои кои ако треба за Македонија ќе го дадат и својот живот.

За жал повеќе пати досега членови на овие елитни специјални единици кои се тренирани дома и во светот го исполниле својот завет и во битка за одбрана на Македонија ги положиле своите животи.

Во ова видео дел од тоа што го знаат и можат да го направат специјалците на Армијата на Македонија јавно прикажано летово пред граѓаните за време на показна вежба во Охрид.

Видеото во линкот

https://www.facebook.com/share/v/1AvXjYoo1N/