Секој се бори за повисока плата, и секако за подобри услови за работење. Но, колку и да правиме напори, зборуваме за секојдневни професии, сето тоа е бадијала. Програмерите и натаму се на врвот според висината на платите. Највисоката просечна бруто-плата за овој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува високи 142.410 денари. Наспроти ова, Државниот завод за статистика објава дека просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во февруари е 58.967 денари, наспроти програмерските вртоглави примања на поединци.

Според податоци на Државниот завод за статистика највисоката просечна нето-плата во февруари е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 93.852 денари, следи Воздухопловен транспорт – 68.356 денари, па Телекомуникации – 65.134 денари, Производство на фармацевтски производи и препарати – 61.020 денари и Останати стручни, научни и технички дејности – 56.944 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 %), Административни и помошни услужни дејности (22.5%) и Уметност, забава и рекреација (20.4 %).





