Македонското Сорание на денешната седница го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.



За Предлог законот за Договорот со „за“ се изјасниле 61 пратеник, еден бил воздржан а, а во работата на парламентот и денес не учествуваа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од премиерите на Зоран Заев и Бојко Борисов, со цел зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството и развивање на сестрани меѓусебни односи согласно меѓународното право.

Бугарската агенција „Фокус“ потсетува дека на денешен ден пред 26 години, на 15 јануари 1992 година, Бугарија беше првата држава што ја призна независна Македонија, малку повеќе од четири месеци по оддржаниот референдум за независност на 8 септембри 1991 година.