КОД го откри огромниот криминал за кој Јакимовски е дел од ,,Црната листа” на САД (ВИДЕО)

Општина Карпош му издава одобрение за градба на Фатмир Етеми да изгради 17 катница на една од најатрактивните локации во Скопје.



Проблемот е што висококатница треба да се гради на фамозниот блок 8 од Деталниот урбанистички план кој формално не постои.

Овој ДУП е укинат од страна на Уставен суд во 2018 година по што никогаш не е донесен нов и Јакимовски иако знаел дека не смее да го става во правен промет сепак му издал дозвола на Етеми.

Профитот на Етеми од оваа нелегална дозвола за градба издадена од Јакимовски се мери во десетици милиони евра.

Во своето најново издание КОД ги открива манипулациите заради кои Стевче Јакимовски е на црната листа?