Јадење кое може да се најде во збирките рецепти и под други имиња или пак, со многу мали промени, и кое во основа е присутно, па и популарно кај нас. Рецептот што го нудиме е од западниот дел на Македонија (Дебар, Мелничани, Косоврасти) каде „затушувањето“ е израз за нешто затворено, покриено, нешто што не дише. За вкусот е беспредметно да говориме, можеби би можеле за времето зошто тоа за Затушката е навистина потребно во делот на очекувањето, не и во делот на работата зошто таа трае само десет минути.



Потребни состојки:
1.5 кг свинско месо
1.5 кг јунешко месо
3 кг кромид
2 цели чешниња лук
сува црвена пиперка
масло или маст
оцет
зејтин
сол и зачини

Подготовка:
Во Најголемото тенџере или во земјен сад редите месо (едно и друго) и цели или половинки главици кромид. Лукот (нечистен, со лушпа) се става одозгора заедно со сувите пиперки. Се полева со вода и оцет (50 мл), и се додаваат солта и зачините по вкус. Капакот што го има тенџерето или садот мора да биде пасент, за да не дише и се се остава на тивок оган 4 до 5 часа. Нема запршка, има повеќе течност, и неповторлив вкус.