Ковачки: Прочка за сите граѓани освен за три вида Македонци

На големиот христијански празник пратеникот и екс полковник на АРМ Драган Ковачки им честиташе на граѓаните, побара да му простат ако некому згрешил и порача дека прочка нема за три вида граѓани.



Според пратеникот кој по изборите остана пратеник иако многумина го гледаа како министер или друг висок државен функционер прочка не треба да има за три вида граѓани: корумпираните судии, политичари и предавници на македонскиот народ.

,,Прочка нема за корумпираните судии.
Прочка нема за корумпираните политичари.
Прочка нема за предавниците на својот народ.

Проштевајте ако некому сум погрешил.
За многу години празникот”, објавува Ковачки.