Ковачки: Апсење на криминалците и конфискација на имотите! – Фб: Мора да има многугодишни затворски казни!

„Говоревме во опозиција, го говориме истото и од позиција на власт: Апсење на криминалците и конфискација на имотите!“ – порача Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на својот фејсбук-профил, поттикнат и од најновите наоди дека државниот буџет е опљачкан безмилосно и оти се наоѓа во катастрофална состојба, а премиерот Мицкоски веќе најави истраги од страна на обвинителството и органите на прогонот за парите, кои се испокрадени.

Во објавата, која уследи по вчерашната седница на соодветната собраниска комисија, Ковачки дополни: Пратениците на СДС, кои се поранешни министри, избегаа од расправата на комисијата. Ниту еден не беше присутен.

Објавата на Драган Ковачки наиде на голем број реакции, меѓу кои беа и овие: „Се плашат.“; – „Ако треба, менувајте ги и законите, но конфискација на имот мора да има и изречени затворски казни со многу години! Нема милост за овие тешки криминалци.“; – „Сега дојде време да се ослободат заробените институции од криминалците! Како!? Со генерален ремонт на институциите! Оваа Влада може и ќе го стори тоа! Силно верувам во тоа!“; – „Да се донесе час поскоро закон за потекло на имот и да се конфискува имотот, кој е стекнат нелегално.“

„Имате целосна поддршка.“; – „Да се отпочне од Струмица: од претседател, Совет, градската мафија, зелената мафија во Струмица, мафијата во бели мантили.“; – „Без конфискација на имотот и апсење на криминалците нема запирање на она, што се практикувало 30 години и истите да напредуваат многу полесно и во највисоките ешалони.“

„Итно да се конфискува имотот стекнат со криминал, без потекло. Мора еднаш веќе да се казнат криминалците. Доста е веќе.“; – „Само напред.“