Ковачев: Очигледно, раководството на Северна Македонија не сака да продолжи по патот на евроинтеграциите, па затоа ја обвинува Бугарија



Во Република *Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат причина зошто тоа не може да се случи, ги коментира европратеникот од ЕПП/ГЕРБ, Андреј Ковачев, наводните „провокации“ од Скопје кон Бугарија.

„“Јасно е дека актуелното раководство на Република Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција. Бараат изговор во својата јавност зошто тоа не може да се случи, а изговорот секако е клеветата на Бугарија“, вели европратеникот.

Ковачев е дециден дека Бугарија не провоцирала и додава: „Напротив, ние се однесуваме многу цивилизирано, европски, сакаме добрососедство.

Бугарија мора да го почитува европскиот дух и да очекува земјите кандидати да ги исполнат своите обврски“, рече Ковачев на прашањето дали неговата земја треба да ја зајакне својата политика во однос на Македонија.

„Не ни преостанува ништо друго освен да инсистираме на нивна имплементација и да побараме од нашите партнери, но и од САД, ова да го повторат неколку пати пред Скопје“, вели Ковачев.