Ковачевски ќе работел деноноќно за исполнување на европскиот сон

Ве гледам во толку голем број вечерва и среќен сум, затоа што знам колку силно верувате во нашата заедничка визија за европска Македонија. Не само визија, ние имаме конкретен план, имаме волја и знаење, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски, заедно со Коалицијата за европска иднина, како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година, изјави вечерва претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на митинг на претседателот Стево
Ковчаевски истакна дека прашањето на претседателските и на парламентарните избори е кој има план за иднината, а кој нема план и нема визија, со кого е можен напредок и членство во ЕУ, а со кого е можно само враќање назад во минатото? Според Ковачевски, тоа изборот пред граѓаните.



Тој додаде дека со СДСМ има надеж за подобра европска иднина додека со ВМРО-ДПМНЕ има безнадежност и враќање назад во изолација.

– Ние работевме во услови на најголема економска и енергетска криза. И никого не оставивме сам. Силно ги поддржавме граѓаните и компаниите во време на криза со 2,6 милијарди евра. Ги зголемивме платите и пензиите на историски највисоко ниво досега. Но, јас знам дека е тешко, дека граѓаните уште се борат со високите цени, со секојдневието. Затоа во новата програма, во новиот мандат гарантираме дека просечната плата ќе достигне до 1.100 евра, а минималната плата 600 евра – потенцираше Ковачевски.

Тој посочи дека просечната пензија ќе биде 30.000 денари, а минималната пензија 20.000 денари.

– Единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски животен стандард. Ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да имаме европска Македонија, со европски економски стандард. Ден и ноќ за подобро образование, подобро здравство, подобро владеење на правото, со помалку корупција, односно држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат граѓаните – рече претседателот на СДСМ.