„Ние повикуваме на обединување на сите прогресивни сили околу програмата прелдожена од нас. Програма која ги има ‘акцептирано’ сите грешки направени во текот на изминатите седум години, со јасен план каде треба да се движи државата на сите полиња“ изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во „360 степени“ на МРТ.



Тој призна дека Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ направија респектабилен резултат во првиот клруг на претседателските избори.

„Тоа се традиционални гласови на СДСМ од незадоволни луѓе кои го искажааа својот револт и гласаа за ЗНАМ“, вели Ковачевски.

Запрашан дали СДСМ згреши во начинот на кој се постави кон Максим Димитриевски, Ковачевски топката ја префрла на претходното раководство а за тоа зошто тој не презел ништо за надминување на несогласувањата, Ковечевски вели:

„Максим Димитиревски имаше формирано свое движење. Ние сме од ист град, пријатели сме, се знаат нашите родители, па и дедовци. Членови на таа партија се наши поранешни членови, дури има и роднини од кои едниот е во СДСМ, а другиот во ЗНАМ.

Меѓутоа, тоа се гласови на незадоволни од политиките на СДСМ, пред сè внатрешно, веројатно дел од кадровската политика, дел од однесувањето на некои наши другари визави тие кои го искажааа својот револт и гласаа за ЗНАМ.

Практично, тие гласаа против своите“, вели Ковачевски.