Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски одат на апанажа.
Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата.
Со одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, висината на апанажата што ќе ја добива поранешниот премиер Димитар Ковачевски ќе биде 156.482 денара, додека на Оливер Спасовски 153.037 денари, колку што им биле и платите додека ја вршеле функцијата.
Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.






