Ковачевски: За Бугарија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка бевме спејс шатл, Лејкерс, а сега се подобри од нас!

Истакнувајќи го значењето на зачленувањето во Европската унија за економскиот развој, експремиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, излезе со антологиска споредба со соседството некогаш и сега на прес-конференцијата со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.



„И јас не сум веќе нешто многу млад. Ние двајцата сме, за разлика од некои помлади ваши колешки овде, коишто немале можност да бидат дел од Социјалистичка Република Македонија, дел од Југославија, ние бевме спејс шатл за Бугарија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка… За овие земји, членки на советскиот лагер, ние бевме спејс шатл, ние бевме за нив Лос Анџелес лејкерс. Само поради тоа што тие денес се земји-членки на Европската унија, тие сега се подобри од нас“, рече Ковачевски.