Ковачевски задоволен од прекрасната атмосфера во штаб на СДСМ

Лидерот на владеачката партија Димитар Ковачевски искажува јавно задоволство од прекрасната атмосфера што вчера ја доживеал во штабот на СДСМ во Карпош.



,,Задоволство беше да се види вечерва прекрасната атмосфера во наш Карпош, во промотивниот штаб на СДСМ во Антико, Карпош 4″, објавува Ковачевски.

,,Карпошани знаат дека #СДСМ има јасен план за да ја исполни визијата за европска Македонија. Го имаме победничкиот претседателски кандидат, а следната проевропска Влада која ќе ја формира СДСМ ќе биде онаа која ќе ја однесе државата во ЕУ”, смета Ковачевски.