Претседателот на СДСМ и екс-премиер Димитар Ковачевски вели дека во неговиот втор мандат како премиер просечната плата ќе достигне 1.000 евра, а минималната – 650 евра.



Изјавата за втор мандат е во спротивност со неговото барање и одобрена апанажа од 2.500 евра во наредните 12 месеци и тврдењето дека размислува за трансфер во кариерата.

На Ковачевски апанажата му требала за да направи трансфер во кариерата

„Со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024 година е можно и остварливо. Но како што знаете, тоа ветување, СДСМ предвремено го исполни.

Денес просечната плата изнесува 650 евра. Така ќе биде и овој пат“, рече Ковачевски во Штип во обраќањето при отворањето промотивен штаб на СДСМ.