Во обраќањето на вчерашниот Конгрес на СДСМ, лидерот Димитар Ковачевски истакна дека во партиската програма која е на цели 250 страници се планира и просечна плата од 1.100 евра, а во 2028-ма година и просечна пензија од 600 евра.
„До 2028 ќе имаме 20.000 денари минимална, а просечна пензија од 30.000 денари.
Плус од оваа година ќе има новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите“, рече Ковачевски.
Тој рече и дека еден од проектите ќе биде по 200 евра месечно за секое прво вработување на лица до 26 години во првите 12 месеци, а најави и дневен оброк за секој ученик од основно и средно чии родители немаат поголеми плати од просечните.





