Бугаринот Кубрат Пулев е повреден, има проблеми со рамото, и мораше да го откаже мечот за трите боксерски титули во тешка категорија против владетелот Ентони Џошуа. Британецот, пак, веднаш го одбра Карлос Такам за противник во Кардиф на 28 октомври. 37 годишниот Камерунец има одлично CV до 35 победи и само три порази, но тешко дека може да му парира на Џошуа.




