Клековски: Ветерниот парк е еден од трите ветени во програмата

Разликата меѓу Влада на СДСМ и влада на ВМРО-ДПМНЕ е баш способноста и неспособноста на СДСМ да се спроведат декларираните цели, без разлика дали тоа му се допаѓа на некој или не ВМРО-ДПМНЕ има демонстрирано дека може да ги достигне целите што ги има зацртано, енергетиката е една од важните прашања во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, делумно и заради енергетската ситуација во Европа и времето на евтин гас е завршено барањето на нови извори на енергија вклучувајќи ја и зелената транзиција“.



Вака говореше Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата Само Вистина на Канал 5 ТВ и додаде:

Во нашата енергетска програма РЕК Битола е уште столб во наредниот период меѓутоа тоа е за да добиеме време да ја направиме другата транзиција вклучувајќи ги и ветерните паркови. Овој ветерен парк е еден од трите ветерни паркови кои се наведени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ а има и приватни иницијативи за ветерни паркови – нагласи Клековски.