Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, денеска изјави дека би прифатил да ја преземе функцијата министер за здравство, но само под услов да се обезбеди соодветна замена на неговата позиција во Фондот.
Тој посочи дека е отворен за разговор во зависност од потребите на Владата.
-Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот каде има многу работа. Ќе бидам отворен за разговор, зависно од потребите. Но, повторно ќе кажам, во ФЗО има многу што да се работи, така да какви било рокади мора да предвидуваат комплетно решавање на кадровската екипираност во секторот здравство“,изјави Клековски одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за повредените во трагедијата во Кочани.





