Генералниот секретар на Либерална интернационала, Емил Кирјас од Македонија, ја искритикува Бугарија на Конференцијата на либералните партии од балканските земји во Софија.
„Тоа што се случува во Бугарија е многу разочарувачки, но и повод за сериозна тревога. Апсолутно излишно е популистичко-националистички партии, кои водат политика само врз основа на ксенофобија и дискриминација, да бидат дел од власта. Тоа не им носи ништо добро ниту на Бугарија, ниту на нејзините соседи, ниту на Европа. Тоа е лекција за нас и ние треба да зборуваме на висок тон за оваа ситуација за да не продолжува и да не се повторува на друго место“, рече поранешниот државен секретар на Министерството за надворешни работи на Македонија од редовите на Либерално-демократска партија во своето обраќање на форумот на тема „Западен Балкан нерзаделен дел од обединета Европа“.





