Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг изјави дека Кина „не ја коментира“ смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.



Одговарајќи на критиките на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за недоволната реакција на Пекинг за смртта на 47-годишниот опозиционер, таа нагласи дека „за разлика од НАТО, Кина никогаш не се меша во внатрешните работи на другите земји“.

По смртта на Навални на 16 февруари, Западот се обедини околу ставот дека рускиот опозициски лидер е убиен и дека претседателот Владимир Путин е одговорен за неговата смрт.

За возврат, Кремљ ги отфрли обвинувањата како „луди“ и „неприфатливи“, со оглед на тоа што сè уште нема информации за причината за смртта на Навални.