Кина: Во трговските војни нема победници

Кинеските државни и комерцијални медиуми жестоко реагираа на најновите тарифни мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ги штетни за глобалната трговија, кинеската економија, па дури и за самите САД.
Преку коментари, анализи и официјални извештаи кинеските медиуми јасно порачуваат – Кина нема да попушти под притисокот и е подготвена на стратешки одговор.



„People’s Daily“, официјалното гласило на кинеската Комунистичка партија, ги нарече тарифите на Трамп „самопоразувачко насилство“, тврдејќи дека трговските војни не даваат победници, туку ги повредуваат сите.
Кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува весникот, го повикува Вашингтон да ги научи лекциите од минатото и да го преиспита својот пристап.

Државната новинска агенција Xinhua оценува дека новите американски царини претставуваат „сеопфатна блокада“ на кинеската економија. Според нив, не станува збор за селективни или симболични мерки, туку за систематски притисок што влијае на широк спектар на индустрии – од електроника и машини до суровини и земјоделски производи.

Преку високите царини кинеските производи се појавуваат поскапи и понеконкурентни на американскиот пазар, што, како што го отежнува кинескиот извоз и врши сериозен притисок врз домашното производство. Таквата стратегија, сметаат тие, има за цел не само да го намали трговскиот суфицит на Кина, туку и да ја ослаби економската стабилност на земјата.

Agencijata заклучува дека овој пристап ризикува дополнителна ескалација на трговскиот конфликт и носи штета не само на Кина, туку и на глобалниот пазар.

Global Times, познат по својот националистички тон, нагласува дека Кина нема да подлегне на „насилниот притисок“ и наведува дека е потребна стратешка и решителна реакција на американската политика.

Националната телевизија CCTV пренесува дека Министерството за трговија ги повикува САД да ги повлечат едностраните мерки и ја нагласува важноста на „фер и еднакви преговори“.