Лидерот на Демократска репоблика Кореја, Ким Јонг-ун во порака до претседателот Владимир Путин, изјавил дека неговата земја е „непобедлив соборец“ на Русија, дознава АП



Неговата изјава доаѓа пред засега непотврдена претстојна посета на шефот на руската држава на Северна Кореја.

По повод одбележувањето на националниот празник на Русија, Ким рече дека неговата средба со Путин во руски вселенски објект минатата година ги подигнала врските на нивните „вековни стратешки односи“.

Се уште неофицијално, најавено е дека Путин во наредните недели ќе ги посети Северна Кореја и Виетнам.

Официјален Виетнам појасни дека патувањето во Виетнам е планирано за 19 и 20 јуни, но се уште не е потврдено.