Ким Кардашијан (36) и четири години повозрасниот сопруг пронајдоа сурогат мајка преку агенција. Познатата двојка често ја посетува и ѝ дава сѐ што ѝ е потребно. Сурогат мајката е во петтиот месец од бременоста. Таа е афро-американка која е мажена и веќе има две деца. Во доцните дваесетти години од својот живот, дипломирала на колеџ, таа е здрава и во добра физичка форма.



Канје ангажирал двајца телохранители да ја чуваат. Неодамна беше откриено дека сурогат мајката носи ќерка и дека познатата двојка за оваа услуга платила 38.600 евра. Ким и Канје одлучија да имаат трето дете со сурогат мајчинство, бидејќи лекарите ја предупредиле Ким дека третата бременост би можела да претставува сериозна опасност за ѕвездата.

Познатиот тандем од шоу бизнисот веќе го има синот, Саинт (2) и ќерката Норт (4) и се пресреќни и воодушевен во исчекување новиот член на семејството.