Познатата американска актерка Кејт Хадсон (38) се пошегува на сметка на Доналд Трамп и Ентони Скарамучи.



Актерката на постер на нејзиниот филм „Како да  го загубиш дечкото за 10 дена“ го стави ликот на претседателот на САД и поранешниот директор за комуникации на Белата куќа. Кејт не е прва која се пошегува на социјалните мрежи на сметка на Трамп и за тоа да добие илјадници лајкови.


Актерката во моментов е во Лос Анџелес и во најголема тајност го снима мјузиклот „Сестра“ која го продуцира пејачката Сиа (41). За потребите на филмот Кејт Хадсон ja  избричи карактеристична сина коса. Хадсон се обиде да ја сокрие новата фризура и носи перика, но сепак на социјалните мрежи излегоа слики од нејзиниот нов изглед.