Актерката е во брак со режисерот Ендрју Аптон од 1997 година и ги имаат синовите Дашиел (15), Роман (13) и Игнатиј (9) и ќерката Едит (2).
Кејт Бланшет (48) вели дека нејзиниот дом многу често е во хаос, и дека е тешко кога си родител и дека мора многу да работиш.
„Не станувам премногу нервозена, бидејќи мајчинството ме научи на трпеливост, драго ми е што сопругот мѝ помага “, изјави Кејт .

Бланшет пред извесно време го играше ликот на Хела, божицата на смртта, во третото продолжение за приказната на Марвел. Оваа улога ја прифатила по желба на нејзините деца. Филмот ќе пристигне во кино салите на 26 октомври.




