„Кај штетници, кај поразени од народ, па уште памет делат“: Мицковски за СДСМ и ДУИ по раздвојувањето со Албанија кон ЕУ

Политичкиот аналитичар и колумнист Ивор Мицковски реагира за ликувањето и ситењето од опозициските СДСМ и ДУИ по одлуката на Европската унија да ги раздвои Македонија и Албанија на патот кон полноправно членство.



„СДСМ е последен што треба да зборува за катастрофи и за виновници за раздвојувањето со Албанија на патот кон ЕУ.

Криминогените СДСМ и ДУИ презедоа катастрофални обврски по националните интереси на Македонија и обврски кои не беа способни да ги изгласаат и да ги реализираат.

И сега они ќе зборат – кај штетници, кај поразени од народ, па уште памет делат.

И ова е последица од нивното сервилно, брзоплето и неодговорно носење одлуки“, коментира на Фејсбук некогашниот функционер во СДСМ.