Македонија, Косово и Албанија – џихадистички центри

Грчкиот весник „Катимерини“ тврди дека Македонија заедно со Косово и Албанија се главните балкански земји каде што постојат силни упоришта на џихадисти.



Влијателниот грчки весник ова го тврди врз основа на информацијата дека во ИСИС од регионот има околу 800 фанатични муслимани кои од кои што 300 се во Босна, останатите се од овие три земји а помал број се од Србија и Црна Гора.

Весникот смета дека досега од конфликтите во Ирак и Сирија во регионот се вратени илјадници борци кои што сега го промовираат екстремното интерпретирање на Куранот и продолжуваат да добиваат исламско образувание во легални или илегални верски објекти од свештеници фанатици.

Причината за огромниот број следбеници на радикалниот ислам Катимерини ја гледа и во славата на убиениот Косовар Лавдрим Мухаџери  роден на границата меѓу Косово и Македонија кој стана озлогласен откако постираше видео на кое сече глави на противници на ИСИС и најавуваше дека ќе биде  идниот водач на „Балканскиот калифат“.

Причини за ваквиот развој на настаните се и парите кои што регионот особено овие три земји плус Босна и Херцеговина ги примаат од Саудиска Арабија, Катар, Јемен и од Турција се вели во текстот.

Дополнителен проблем за регионот е феноменот лошата контрола на фанатици свештеници и илегалните џамии чиј број се намалува поради мерките преземени од земјите во регионот но сепак функционираат без поголеми проблеми.

Колку се немоќни полициите во регионот весникот го илустрира со изолираните „Села на Алах“ во Босна каде што за влез во две од нив Горна Маоча и Овца босанската полиција морала во 2010  да ангажира 600 специјалци.

Главната закана за регионот но и за Европа сега според Катимерини се таканаречените „Осамени волци“ кои што можат да бидат регурутирани во џамиите и да извршат напади слични на оние во Брисел или Берлин. Нивните европски ликови и можноста без виза да патуваат кон ЕУ е можност за послесно изведување на терористички напади.

Фотографијата со која се илустрира текстот во грчкиот весник е снимена во скопската турска чаршија и на неа се прикажани верници муслимани за време на молитва.

‌‌