„По формирањето на новата Влада и преминувањето на ДУИ во опозиција граѓаните на * Македонија забележуваат промена.“ – вели лидерот на Беса, која е дел од коалицијата Вреди. Во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ 21 Касами нагласува дека се усогласени со премиерот Мицкоски Владата да ги третира сите граѓани еднакво, без разлика на нивната етничка и политичка припадност. Ова го објави ТВ 21.
ТВ 21 пишува: Касами смета дека опозициската ДУИ е дезориентирана и збунета. Запрашан дали очекуваат протести од Европскиот фронт, заради заштита на легитимитетот, тој вели дека реакциите на ДУИ се попрво инстинктивни, а не усогласени.
„Го нагласувам она, што го кажа Изет Меџити. Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ДУИ нема организациска и политичка моќ, туку повеќе идеолошка, врз која би организирала протести во иднина. Тие се збунети. Нивните реакции се повеќе инстиктивни, не им се добро осмислени и систематизирани.“ – посочи Билал Касами.





